24фудбал

Мората бил понуден на Манчестер јунајтед но „ѓаволите“ се заинтересирани за друг фудбалер на Атлетико

Медиумите од Англија пренесуваат дека Манчестер јунајтед се обидува да го ангажира Матеус Куња од Атлетико Мадрид, се шпекулира со трансфер од 50 милиони евра.

Англија

„Ѓаволите“ се во потрага на нов напаѓач, на списокот со желби има голем број на имиња, а последните информации велат дека се водат преговори за трансфер на Матеус Куња од Атлетико Мадрид.

Наводно Алваро Мората бил понуден на Манчестер јунајтед, но клубот од Олд Трафор го шкртнал Шпанецот и го идентификувал неговиот соиграч Матеус Куња како идеално засилување.

Се шпекулира за трансфер од 50 милиони евра, многумина сметаат дека сумата е малку висока ако во предвид се земе учинокот кој го имаше 23 годишниот Бразилец минатата сезона, во која постигна скромни 6 гола во Ла Лига.