24фудбал

Победа на Јувентус во режија на Ди Марија и Влаховиќ (ВИДЕО)

Јувентус имаше сигурен старт на новата сезона во Серија А откако на свој терен со убедливи 3-0 го совлада Сасуоло, Анхел Ди Марија и Душан Влаховиќ беа ѕвезди на вечерта.

Италија

И Јувентус ја почна сезоната со три бода, ги израдува навивачите победувајќи го Сасуоло.

Ди Марија имаше одлично деби, со гол и асистенција.

Аргентинецот во 26. минута постигна гол за водство на Јувентус од 1-0.

Пред крајот на првиот дел на сцена стапи Влаховиќ, врз него беше направен пенал, тој ја изведе најстрогата казна и зголеми на 2-0.

По шест минути игра во вториот дел Ди Марија асистираше до Влаховиќ кој даде уште еден гол и ги постави конечните 3-0.