Каква глупост, Дарвин Нуњез заработи црвен картон и го остави Ливерпул со играч помалку! (ВИДЕО)
Дарвин Нуњез го плаќа данокот на неискуството, а тоа го чини Ливерпул, Уругваецот заработи директен црвен картон поради удар без топка на мечот против Кристал Палас.
Во 57. минута Нуњез наседна на провокација од противнички играч и во афект го удри со глава. Судијата не му прости, му покажа директен црвен картон.