24фудбал

Мората ја отвори сезоната со два гола, прв погодок на Гризман во Ла Лига од ноември 2021 (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Хетафе во првото коло од новата сезона во Ла Лига, во главна улога беа Алваро Мората и Антоан Гризман.

Шпанија

Мората му покажа на Атлетико Мадрид дека е добро што не го продадоа, ако судиме по овој натпревар, напаѓачот може да има ефикасна сезона.

По 15 минути игра Мората по асистенција од Жоао Феликс даде гол за водство на Атлетико Мадрид од 1-0.

По толку време игра и во второто полувреме се случи истото, Жоао Феликс асистираше, Мората даде гол за 2-0.

Жоао Феликс запиша и трета асистенција, овојпат до Гризман кој ги постави конечните 0-3. За Гризман ова беше прв гол во Ла Лига од ноември 2021 година.