24фудбал

Роналдо, Фернандеш и Рашфорд тропнале на вратата на раководството на Јунајтед, бараат нови засилувања

Манчестер јунајтед има кошмарно отворање на новата сезона откако загуби во првите две кола и тоа од екипите на Брајтон и Брентфорд.

Англија

Уште пред да почне сезоната се пишуваше дека Роналдо не е задоволен од преодниот рок на Манчестер јунајтед, клубот не покажува амбиции за освојување на трофеи, нешто по што е опседнат Португалецот.

Тоа го сакаат и фановите, конкурентен тим кој ќе може да се носи со секој, но ако се суди според почетокот и оваа сезона нема да биде различна од претходните.

По убедливиот пораз од Брентфорд, најразлични информации излегуваат од Манчестер јунајтед, а последната ја има новинарот на „ТокСпорт“, Анил Кандола.

Тој тврди дека Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд отишле директно кај бордот на клубот и побарале да донесат нови засилувања.