24фудбал

Спортскиот директор на ПСЖ им одржал лекција на Мбапе и Нејмар: Валканиот веш не е за во јавност

Како што пренесува Ле Паризиен, спортскиот директор Луис Кампос веќе имал состанок со Килијан Мбапе и Нејмар и им порачал дека не смее да им се повтори тоа што го направиле на дуелот против Монпеље.

Франција

По тензиите помеѓу Нејмар и Килијан Мбапе, медиумите најавија состанок на кој ПСЖ ќе се обиде да ја смири ситуацијата, но како што пренесува Ле Паризиен, средбата веќе била одржна.

Спортскиот директор Луис Кампос вчера се сретнал со двајцата играчи и им порачал дека епизодата од дуелот против Монпеље не треба да се повтори и нивното однесување во никој случај не треба да влијае врз перформансите на тимот.

Тој исто така им одржал лекција дека валканиот веш не е за во јавност и недоразбирањата кои ги имаат не треба да се решаваат долу на теренот пред камерите и да ги гледа цел свет.