24фудбал

Сити ќе го продаде Бернардо Силва само за голема понуда и бара 100 милиони евра

Според пишувањата на Атлетик, Манчестер Сити ќе го продаде Бернардо Силва на Барселона само доколку добие голема понуда, односно околу 100 милиони евра.

Англија

Се говори дека Бернардо Силва е последното звучно име кое Чави сака да го донесе на Камп Ноу ова лето, но Манчестер Сити не сака лесно да се откаже од Португалецот.

Како што пишува Атлетик, „граѓаните“ ќе го продадат Бернардо Силва на Барселона само за голема понуда.

Актуелниот шампион на Англија бара 100 милиони евра за офанзивниот фудбалер од средниот ред.

До овој момент барселона нема доставено конкретен предлог, ниту пак некој од Барселона се распрашувал за Бернардо Силва.