24фудбал

Неверојатно објаснување, никаде во правилата не пишувало дека повлекување за коса е прекршок!

По вчерашниот инцидент на дуелот помеѓу Челси и Тотнем, Скај Спортс пренесува дека никаде во правилата за фудбал нема дека повлекување за коса е прекршок па судиите сами треба да оценат дали однесувањето е грубо и соодветно на тоа да го санцкионираат.

Англија

Градското дерби помеѓу Челси и Тонем имаше контроверзна завршница, кога гостите се обидуваа да изведат корнер, Ромеро го повлече Кукуреља за коса. ВАР и Мајк Дин го прегледуваа инцидентот но немаше никаква реакција. Судијата Ентони Тејлор дозволи гостите да изведат уште еден корнер и Хари Кејн погоди за 2-2.

Томас Тухел беше бесен, тренерот на Челси не разбира како не бил покажан црвен картон и досуден прекршок.

Како што пишува Скај Спортс, во фудбалскиот правнилник нема конкретно објаснување како се реагира доколку има повлекување за коса, па судиите треба сами да проценат колкава била силата и интензитетот на повлкувањето и дали треба да го сметаат однесувањето за грубо.

Па во зависност од тоа следи и соодветна санција, за грубо однесување се покажува црвен картон, а доколку сметаат дека повлекувањето не е доволно силно, тогаш најверојатно ќе се смета за неспортско однесување и ќе се додели жолт картон.