24фудбал

Рис Џејмс: На било кој друг натпревар головите на Тотнем ќе беа поништени

Бекот на Челси, Рис Џејмс вели дека во Челси се гневни поради ремито со Тотнем за кое смета дека требало да биде чиста победа за сините.

Англија

Тотнем доби два подарок погодоци од судијата Ентони Тејлор со кој освои бод од Стемфорд Бриџ, мечот заврши 2-2.

„Мислам дека ние требаше да го добиеме натпреварот. Двата голови кои ги постигнаа тие не требаше да бидат голови. Мислам дека судијата и четвртиот судија треба да погледнат и да видат што направија. Мислам дека на друг натпревар овие немаше да бидат голови. Јасно е дека е фрустрирачки за нас бидејќи сметаме дека требаше да победиме“, изјави Рис Џејмс.