24фудбал

И Барди со Трабзонспор отпатува во Копенхаген

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди е дел од составот на Трабзонспор за утрешното гостување кај Копенхаген во плејофот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Иако Барди се уште нема деби за Трабзонспо, тренерот на турскиот шампион реши да го стави во составот за важниот меч против Копенхаген.

Целта на Трабзонспор е пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, а ако не успее во тоа, има загарантирано учество во групите од Лига Европа.