24фудбал

Мурињо купил 60 пици за првата победа во новата сезона

По вчерашната победа над Салернитана, Жозе Мурињо купил пици за фудбалерите и персоналот на Рома кој бил во Салерно на натпреварот.

Италија

Рома синоќа победи со 1-0 на гостувањето кај Салернитана. Победата е минимална, но римската волчица имаше контрола на натпреварот и создаде уште многу шанси за убедлив триумф, но пред се Заниоло и Дибала не реализираа.

Мурињо беше задоволен од играта на своите фудбалери, а „Кориере дело Спорт“ открива дека Португалецот по натпреварот купил 60 пици за фудбалерите и сите луѓе околу тимот кои биле на вчерашниот меч во Салерно.

Со оглед на тоа што следниот натпревар на Рома е дури во понеделник, Мурињо им дал и два слободни дена на фудбалерите, на тренинг ќе треба да се јават во среда.

Португалецот сака да ја надградува атмосферата на сплотеност во Рома која веќе ја создаде.