24фудбал

Само што почна, заврши сезоната за едно од засилувањата на Астон Вила

Централниот дефанзивец на Астон Вила, Диего Карлос ќе мора на операција поради која веројатно ќе ја пропушти целата сезона.

Англија

Диего Карлос кој ова лето од Севиља пристигна во Астон Вила, ја скина ахиловата тетива за време на мечот против Евертон.

Астон Вила информираше дека врз фудбалерот мора да биде направена операција, а таа ќе го одалечи од теренот можеби и девет месеци.

Ова значи дека сезоната за Диего Карлос веројатно е завршена.