24фудбал

Голманот на КПР му даде гол на Сандерленд во 92. минута! (ВИДЕО)

Во вчерашните натпревари од Чемпионшип имаше еден погодок кој вреди да се одбележи, а тој е на голманот на КПР, Сени Диенг.

Англија

Течеше 92. минута, Сандерленд водеше со 2-1, па и голманот Диенг отиде пред домашниот гол при еден корнер на КПР.

Во акцијата по корнерот топката дојде до него, а тој фантастично биеше со глава и погоди за конечни 2-2.