24фудбал

Навивачите ги понижија играчите на Партизан и ги тераа да скандираат: Управа, оди си... (ВИДЕО)

Навивачите на Партизан тешко ја прифатија елиминацијата од Лига Европа во пресметката со АЕК Ларнака, па по крајот на натпреварот ги построија фудбалерите и ги тераа да скандираат против раководството на клубот.

Лига Европа

Партизан лошо ја отвори новата сезона во првенството на Србија, а синоќа доживеа нов шок и елиминација во Лига Европа од АЕК Ларнака на нашиот Иван Тричковски.

Навивачите на „црно-белите“ тешко го прифатија новото разочарување, па по крајот на натпреварот ги построија фудбалерите, им наредија да ги соблечат дресовите и ги терааа да скандираат, „Управа, оди си...“.