24фудбал

Откако му продаде двајца играчи на Арсенал, Пеп Гвардиола сега сака да пазари на Емирати

Медиумите од Англија пренесуваат дека Манчестер Сити размислува да тргне по Киран Тирни од Арсенал како засилување за левата бековска позиција.

Англија

„Граѓаните“ се тенки на левата бековска позиција, особено откако го продадоа Олександр Зинченко на Арсенал.

Шампионот на Англија се обиде да го ангажира Марк Кукуреља од Брајтон, но не сакаше да плати повеќе од 40 милиони фунти, па Челси го „украде“ Шпанецот и го ангажираше во зделка вредна повеќе од 60 милиони фунти.

Манчестер Сити е блиску до ангажман на Серхио Гомез од Андерлехт, но се верува дека 21 годишниот Шпанец веднаш ќе биде испратен на позајмица и ќе се бара искусен лев бек кој ќе му конкурира на Жоао Кансело за место во тимот.

Последните информации велат дека Пеп Гвардиола размислува за ангажман на Киран Тирни од Арсенал. Се шпекулира со бројката од околу 50 милиони фунти за трансфер на Шкотот, а дел од оваа сума ќе добие и Селтик.