24фудбал

Пике ја замени Шакира со 23 годишна студентка (ФОТО)

Ѕвездата на Барселона, Жерар Пике тајно се гледа со 23-годишна студентка која работи во негова компанија.

Шпанија

Во јуни Пике и Шакира ставија крај на нивниот брак, а фудбалерот брзо ја замени 45-годишната пејачка.

Според весникот „Сан“, Пике е вљубен во Клара Чиа Марти со која се запознал во неговата продукциска компанија Космос.

Пике и Клара со месеци се гледале, веројатно и пред официјално да биде соопштено дека се разведува од Шакира, но се уште врската се држи во тајност.

Медиумите сепак успеаа да дојдат до некоја фотографија од која и не може многу да се види.