24фудбал

Вилијан се враќа во Лондон

Бразилскиот фудбалер Вилијан е пред враќање во Лондон откако го раскина договорот со Коринтијанс, тој е блиску до потпис со Фулам.

Англија

Фудбалерот кој седум години настапуваше за Челси и една за Арсенал, повторно е пред трансфер во лондонски клуб, овојпат во Фулам.

Информациите велат дека преговорите меѓу Вилијан и Фулам се во напредна фаза и тој наскоро би можел да потпише договор.

Вилијан во Фулам оди како слободен играч откако претходно го раскина договорот со Коринтијанс.