24фудбал

Сензационален трансфер, Роналдо се враќа во Јувентус!?

Медиумите од Италија пренесуваат дека Манчестер јунајтед во преговорите со Јувентус за трансфер на Адриен Рабио, понудил Кристијано Роналдо да се врати во Торино.

Италија

Кристијано Роналдо минатото лето во последните денови од преодниот рок го напушти Јувентус и повторно го облече дресот на „ѓаволите“.

Една година подоцна, се шпекулира за нов сензационален трансфер и враќање на Кристијано Роналдо во Торино.

Новинарот на Раи, Пабло Паганини на социјални мрежи напиша: „Пријател/колега кој ги следи случувањта во Манчестер јунајтед ми се јави синоќа. Директорите на Манчестер јунајтед, кои преговараат за трансфер на Адриен Рабио, го понудиле Кристијано Роналдо. Јувентус кажал НЕ, но Жорж Мендеш продолжува упорно да се јавува“.

Јувентус до крајот на преодниот рок сака да ангажира нов напаѓач, Мемфис Депај е името кое во последно време силно се поврзува со „старата дама“.