24фудбал

Милан ја следи ситуацијата со Кеси, може да го врати на Сан Сиро!

Милан бараше замена за Френк Кеси, но сега се отвора шанса да го врати него бидејќи Барселона се уште не може да го регистрира.

Италија

„ЕСПН“ претходно објави дека Кристенсен и Кеси бидејќи дојдоа како слободни играчи во Барселона, имаат клаузули според кои можат да го напуштат клубот доколку не бидат регистрирани до почетокот на сезоната.

Ваквата ситуација на Барселона станува интересна за Милан, тие следат што ќе се случи и не ја отфрлаат можноста да го вратат Кеси на Сан Сиро.

Платата за која потпиша во Барселона, е слична на онаа која му ја нудеше Милан, па нема да биде изненадување доколку тој одлучи да се врати.

Милан претходно бараше замена за него во Ренато Санчез, но Португалецот потпиша за ПСЖ.