24фудбал

Бернардо Силва се огласи по гласините за трансфер во Барселона

Баернардо Силва вели дека не знае каква е неговата иднина, Португалецот додава дека има искрен однос со Манчестер Сити и клубот знае што тој сака.

Англија

Бернардо Силва се најавува како последното звучно име од сложувалката на Барселона и Чави ова лето, вчера се пишуваше дека е договорен трансфер вреден 50-60 милиони евра, стории кои потоа беа демантирани.

Португалецот сега седна на разговор со ЕСПН и ги прокоментира гласините кои кружат со месеци.

„Секогаш сум велел дека сум среќен тука, но не знам што ќе се случи, ќе видиме. Мојот однос со клубот е искрен, отворено разговаравме и тие знаат што сакам. Ако останам, ќе продолжам да го давам максимумот. Ако не останам, таков е фудбалот“ – вели Бернардо Силва.

Манчестер Сити ова лето даде зелено светло за трансфер на Рахим Стерлинг и Габриел Жесус, па Бернардо Силва беше запрашан дали очекува ист третман доколку побара да замине.

„Сити е голем клуб и не сака играчи кои не се среќни, тога постојано ни го нагласуваат. Секако, ова е бизнис и ќе бараат соодветна сума за да не пуштат, но лично јас имам однос на взаемно почитување со клубот. Тие секогаш биле искрено со мене, и јас секогаш сум бил искрен со клубот“.