24фудбал

Тодороски се пресели во Азербејџан

Македонскиот репрезентативец, Тодор Тодороски во следната сезона ќе игра за Сумгаит од Азербејџан откако ја прифати понудата на овој клуб по заминувањето од словачки Серед.

Македонија

Сумгаит е петта странска дестинација за Тодороски кој претходно покрај за Серед играше и за Осјек, Шибеник и Раднички Ниш.

Информациите велат дека тој имал неколку понуди ова лето, но ја одбрал таа од азербејџанскиот клуб како најповолна.

Тодороски беше дел од македонската репрезентација во јуни на местото од Стефан Ристовски кој беше повреден.

Тој е и поранешен македонски репрезентативец, а во моментов е прва замена во националниот тим за Стефан Ристовски.

Во Македонија поради играше за Вардар, Металург, Кожув и 11 Октомври.