24фудбал

Леванте го продаде Барди на Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди ќе биде нов фудбалер на турскиот шампион Трабзонспор, трансферот ќе биде комплетиран во наредните денови.

Македонија

„Марка“ тврди дека Леванте и Трабзонспор постигнале договор за трансфер на Барди. Турскиот клуб за да го купи македонскиот фудбалер ќе плати околу три милиони евра плус бонуси.

И Барди веќе ги договорил личните услови со Трабзонспор, па во наредните денови ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договор, кој веројатно ќе биде тригодишен.

Во Турција ова лето се пресели и Езгјан Алиоски, тој ќе го носи дресот на Фенербахче и ќе биде голем ривал на Барди и Трабзон.