24фудбал

Манчестер Сити купува фудбалер од Андерлехт за 10 милиони евра

Манчестер Сити е пред ангажман на Серхио Гомез од Андерлехт, трансферот наскоро ќе биде комплетиран.

Англија

Според Фабрицио Романо, зделката е во финална фаза, се дискутираат деталите по што ќе се премине кон комплетирање на трансферот.

Манчестер Сити на Андерлехт ќе му плати околу 10 милиони евра.

Станува збор за 21 годишен фудбалер кој може да игра во средината на теренот но и како лев бек.

Тој е роден во Бадалона, Шпанија, бил член и на школата на Барселона.

Првичниот план бил Сити да го купи и да го испрати на позајмица во Жирона, но последните информации велат дека можеби ќе го задржат и веднаш ќе му дадат шанса во англискиот шампион.