24фудбал

Вчера го даде голот на сезоната, денес го поврзуваат со трансфер во Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

По информациите дека Манчестер јунајтед се откажува од намерата да го ангажира Марко Арнаутовиќ, „ѓаволите“ веднаш беа поврзани со неколку имиња, едно од нив е Исмаила Сар од Вотфорд, кој синоќа веројатно го постигна голот на сезонатa.

Англија

Попладнево беше објавено дека Манчестер јунајтед се повлекува од преговорите за ангажман на Марко Арнаутовиќ, „ѓаволите“ добиле многу поплаки од навивачите, помеѓу кои и мејл од македонски фан, па решиле да се откажат од намерата да го ангажираат напаѓачот.

Веднаш потоа медиумите почнаа да шпекулираат со нови имиња кои би можеле да го засилат нападот, еден од нив е Исмаила Сар од Вотфорд.

Сенегалецот вчера беше во фокусот на јавноста откако веројатно го постигна голот на сезоната и погоди од половина терен против ВБА.

Покрај Исмаила Сар, медиумите ги спомнаа Алваро Мората од Атлетико Мадрид, Саша Калајџиќ од Штутгарт и Коди Гакпо од ПСВ како опции за „ѓаволите“ и Ерик тен Хаг.