24фудбал

Тимо Вернер со писмо се збогува од навивачите на Челси (ФОТО)

Тимо Вернер наскоро треба да го комплетира трансферот од Челси во Лајпциг, а во меѓувреме тој се збогува со навивачите на Челси.

Англија

Напаѓачот на социјалните мрежи објави писмо со кое се поздрави од навивачите на Челси.

„Драги сини, 

„Денеска завршува моето патување со Челси. Исклучително сум благодарен за времето поминато во овој посебен клуб“.

„Сега би сакал да ја изразам мојата почит кон соиграчите, тренерите и персоналот и особено кон вас, посебните навивачи на Челси. Чувствував многу љубов и поддршка во изминатите две години и никогаш нема да заборавам како бевте зад мене и во добрите периоди и во предизвикувачките“.

„Заедно кренавме трофеи како оној во Лигата на шампионите и секогаш ќе ја паметам песната која ја напишавте и пеевте за мене. Се надевам дека еден ден повторно ќе заиграм на Стемфорд Бриџ“.

„Се гледаме наскоро. Тимо“, стои во писмото.