24фудбал

Фудбалер на Хајдук со провокација за Гимараеш: Кога дојдоа на Пољуд, видов страв во нивните очи

Во пресрет на реваншот од квалификациите во Конференциската лига меѓу Гимараеш и Хајдук, Лукас Гргиќ излезе со провокативна изјава за противникот.

Останато

Хајдук со 3-1 го доби мечот на Пољуд, па има големи шанси да го помине Гимараеш и да се пласира во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Во пресрет на утрешниот меч, Лукас Гргиќ е прилично уверен во нова победа и пласман понатаму.

„Атмосферата на Пољуд не може да се споредува со ништо друго. Видов страв во нивните очи, тие никогаш не играле на таква атмосфера. Ќе победиме повторно. Тие велат дека не чекаат нас, но ќе видиме“, изјави Гргиќ.