24фудбал

Јунајтед е блиску до ангажман на Рабио, мајка му ги договара личните услови

Манчестер јунајтед се откажа од намерата да го ангажира Марко Арнаутовиќ, но притиска да го добие Адриен Рабио од Јувентус.

Англија

Манчестер јунајтед и Јувентус си подадоа рака за трансфер на Рабио вреден околу 17 милиони евра.

Сега реализацијата на трансферот зависи од преговорите за личните услови кои ги договара мајката и агент на фудбалерот, Вероник Рабио.

Вероник важи за комплициран преговарач, си го цени синот повеќе отколку што вреди, па преговорите може и да запнат.

Таа побарала директно да зборува со директорот за фудбал во Манчестер јунајтед, Џон Муртоуг. Не сакала да разговара со луѓе на помали функции од него.

Засега не се знае како течат преговорите за личните услуги, познато е само дека Тен Хаг телефонски разговарал со Рабио и го убедувал да се пресели на Олд Трафорд.

Колку и да се сложени барањата на Вероник, се верува дека ќе се најде компромис бидејќи на адреса на нејзиниот син не стигнуваат премногу понуди за да може да одбира.