24фудбал

Поранешни играчи на Рома помогнале, Вајналум откри кој го убедил да се пресели во Рим

Џини Вајналдум попладнево беше промовиран како ново засилување на Рома, Холанѓанецот откри дека препораки за преселба во Рим добил од Мо Салах и Кевин Стротман, кои во минатото го носеа дресот на „волчицата“.

Италија

По една година во Париз, Џини Вајналдум започнува нова авантура, Холанѓанецот се пресели во Рим. Фудбалерот од средниот ред денеска се појави пред новинарите и беше промовиран како ново засилување за Жозе Мурињо.

„Нема потреба да се зборува кој е Мурињо, трофеите кои ги има освоено доволно говорат. Секој фудбалер сака да соработува со него, тоа важи и за мене. Од моментот кога разговарав со него, знаев дека сакам да пристигнам во Рома, но од претходно имав донесено одлука“ – вели Џини Вајналдум.

„Претходно разговарав со Мо Салах и Кевин Стротман и тие имаа само убави приказни за клубот и градот. Од прилика знаев што ме чека, со Ливерпул игравме против Рома и ми се допадна атмосферата на стадионот. Но и покрај тоа, побарав совет од Салах и Стротман. Разговарав и со Ашраф Хакими, кој играше во Интер, но имаше само позитивни работи за Рома“.