24фудбал

Барселона и Манчестер Сити го договориле трансферот на Бернардо Силва за сума од 50-60 милиони евра?!

Новинарот Жерард Ромеро вели дека Барса и Манчестер Сити постигнале договор за трансфер на Бернардо Силва вреден околу 50-60 милиони евра, Португалецот веќе почнал да бара куќа во Барселона.

Шпанија

Барселона е пред нов голем трансфер ако се точни информациите на Жерард Ромеро, новинарот објави дека „каталонците“ и Манчестер Сити си подале рака за зделка вредна околу 50-60 милиони евра.

Сумата е многу помала од бројките кои кружеа изминатиов период, односно пишувањата дека се потребни најмалку 80 милиони евра за трансфер.

Жерард Ромеро исто така додава дека Бернардо Силва веќе почнал да бара куќа во Барселона.

Во меѓувреме, Џонатан Смит кој е коресподент на GOAL за Манчестер Сити, на Твитер напиша дека сториите за договор за трансфер на Бернардо Силва се „глупост“.