24фудбал

Фановите на Јунајтед го слават Македонецот: Некој нека му купи пиво! (ФОТО)

Фановите на Манчестер јунајтед го слават македонскиот навивач кој допринесе клубот да се откаже од намерата да го купи Марко Арнаутовиќ.

Англија

Манчестер јунајтед беше сериозно заинтересиран за Арнаутовиќ, но под притисок од фановите реши да се откаже во намерата да го ангажира играчот на Болоња.

Едно од клучните писма било тоа на Мајкл Дамевски кој потекнува од Македонија.

Тој раскажал за расистичкиот испад на Арнаутовиќ против Македонија и Манчестер јунајтед го земале тоа во предвид.

Навивачите на Манчестер јунајтед сега го слават Македонецот кој даде допринос за клубот да се откаже од Арнаутовиќ.

Има разни коментари, а еден напишал: „Некој нека му купи пиво“.