24фудбал

Челси по пет години го победи Евертон на Гудисон Парк (ВИДЕО)

Со гол на Жоржињо од пенал, Челси го победи Евертон со 1-0 на Гудисон парк, момците на Томас Тухел со три бода ја стартуваа новата сезона во Премиерлигата.

Англија

Во изминатите години Гудисон парк стана тежок терен за Челси, пред денешниот дуел последен пат таму имаа триумфирано во 2017 година. 

Единствениот гол се случи длабоко во судиското продолжение од првото полувреме кога Жоржињо погоди од пенал за 1-0.

Во составот на Челси дебитираа и новите засилувања Стерлинг и Кулибали, а во игра во текот на вториот дел влезе и Кукуреља.