24фудбал

Миовски блеска во шкотскиот фудбал, два гола во победа на Абердин

Абердин со 4-1 го победи Сент Мирен во второто коло од шкотското првенство, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски даде два гола.

Македонија

Миовски во 24. минута погоди од пенал, а во 37. минута постигна уште еден гол и тогаш му донесе водство од 2-0 на својот тим.

Конечниот резултат беше 4-1. Тоа беа првите три бода за Абердин оваа сезона со оглед на тоа што во првото коло загубија со 2-0 на гостувањето кај Селтик.

Миовски досега има три гола на официјални мечеви за Абердин, овие два беа во шкотското првенство, а првиот беше во Лига Купот на оваа земја.