24фудбал

Дефанзивците во Бундеслигата уште се на одмор, 19 гола на 5 меча, најатрактивен ножичките на Бенсебаини (ВИДЕО)

Многу голови и на денешните натпревари во Бундеслигата, на 5 меча паднаа дури 19 погодока, најатрактивен беше оној на Бенсебаини, дефанзивецот на Борусија Менхенгладбах погоди со ножички.

Германија

На синоќешното отварање на новата сезона во Бундеслигата паднаа дури седум погодока, Баерн Минхен славеше со 1-6 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Очигледно дефанзивците во Бундеслигата уште се на одмор, па на денешните 5 натпревари од 15:30 часот имаше 19 погодока.

Фрајбург со 0-4 славеше на гостувањето кај Аугсбург, Борусија Менхенгладбах со 3-1 го совлада Хофенхајм, Маинц со 1-2 триумфираше кај Бохум, а Унион Берлин со 3-1 го доби градското дерби против Херта. Единствено на натперварот помеѓу Волфзбург и Вердер Бремен немаше победник, дуелот заврши со 2-2 и поделба на бодовите.

Најатраквиен погодок попладнево беше оној на Бенсебаини, дефанзивецот на Борусија Менхенгладбах погоди со ножички.