24фудбал

Нов гол на Миовски за Абердин, прв во шкотското првенство (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски постигна уште еден гол за Абердин на официјален меч, овојпат во првенствениот дуел со Сент Мирен.

Македонија

Миовски погоди од пенал во шкотскиот Лига Куп, а сега исто така од белата точка беше стрелец и во шкотското првенство.

Ова е прв гол за Абердин во првенството на Шкотска оваа сезона, во првото коло загубија кај Селтик без да постигнат гол.