УЕФА ја изрече казната за Фенербахче откако навивачите на мечот против Динамо Киев во Лигата на шампиони го скандираа името на Владимир Путин, „жолтите канаринци" ќе треба да платат 50.000 евра, и делумно да го затворат стадионот.
Категорија: Лига на Шампиони 06.08.2022 11:36
Во второто коло од квалификациите во Лигата на шампиони на реваншот помеѓу Фенербахче и Динамо Киев, домашните навивачи се обидоа да удрат каде што најмногу боли, па од трибините го извикуваа името на Владимир Путин.
УЕФА веднаш отвори дисциплинска постапка и вчера беше одредена казната за „жолтите канаринци“.
Фенербахче ќе треба да плати глоба од 50.000 евра, како и делумно да го затвори стадионот (најмалку 5.000 столчиња) на еден европски натпревар.