24фудбал

Ова е првиот гол на Луис Суарез по враќањето дома во Насионал (ВИДЕО)

Луис Суарез го постигна првиот гол откако реши да се врати дома во Насионал, напаѓачот покажа дека и понатаму e страшен голгетер и со глава ја затресе мрежата на противникот.

Јужна Америка

Луис Суарез ова лето го послуша срцето, ги одби понудите од МЛС и се врати во Уругвај, во клубот каде ја почна кариерата.

Утрово, напаѓачот го постигна и првиог гол во дресот на Насионал. Луис Суарез уште еднаш покажа дека и понатаму е страшен голгетер и по еден корнер со глава ја затресе мрежата на противникот во победата од 3-0 над Рентистас.