24фудбал

Мане брзо стана миленик на фановите, ги освои со потегот кој го направи по мечот со Ајнтрахт (ВИДЕО)

Баерн Минхен имаше моќно отварање на новата сезона откако победи со 6-1 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, а Садио Мане беше еден од стрелците.

Германија

По мечот, фановите на Баерн Минхен кои беа на натпреварот во Франкфурт, останаа да ја слават победата со фудбалерите.

Садио Мане отиде кај нив, се качи на трибината и заедно со навивачите ги пееше песните. Тој дефинитивно брзо стана миленик на фановите на Баерн.