24фудбал

Ливерпул од Кревин Котиџ тргнува во лов на титулата во Премиерлигата

Синоќа со мечот меѓу Кристал Палас и Арсенал стартуваше новата сезона во Премиерлигата, денеска на програмата се дури шест натпревари.

Англија

Денот започнува со гостувањето на Ливерпул кај Фулам во 13:30 часот. Црвените на Јирген Клоп и оваа година се очекува да водат битка за титулата, а конкурент да им биде шампионот Манчестер Сити.

Ливерпул веќе крена еден трофеј оваа сезона и тоа токму против ривалот Манчестер Сити, трофејот во Комјунити шилд кој се играше минатата недела. Црвените победија со 3-1.

Но, вистинската борба за најголемата титула почнува денеска а прв предизвик е гостувањето кај повратникот во Премиерлигата, Фулам.

Ливерпул е огромен фаворит во овој дуел и се освен победа на тимот на Клоп ќе биде изненадување. Ова ќе биде и деби во Премиерлигата за најскапото засилување на тимот од Енфилд, Дарвин Нуњез.

Главна ѕвезда кај Фулам е Митровиќ кој блескаше во Чемпионшип, но треба да се покаже и во Премиерлигата. И во минатото имаше случаеви кога беше одличен во втората лига, но беше далеку од нивото во Премиерлигата, па Србинот ќе има задача да пренесе барем дел од формата од мината сезона. 

Четири натпревари се играат од 16:00 часот, а најинтересен ќе биде дуелот меѓу Тотнем и Саутемптон. Конте во овој преоден рок го кроеше тимот по своја мерка, па од денеска ќе видиме како тој ќе функционира на официјалните натпревари.

Другите три дуели се Њукасл - Нотингем, Лидс - Вулвс и Борнмут - Астон Вила.

Денот ќе заврши со гостувањето на Челси на Гудисон Парк кај Евертон од 18:30. Френк Лампард ќе се соочи со „својот“ тим.

Ова ќе биде почеток и на една нова ера, прва целосна сезона на новите сопственици на Челси. Сините не блескаа на подготвителните натпревари, играа променливо, но тоа може и да не значи многу. Останува да видиме.


А вие ако сакате да се обложувате, правете го тоа онлајн. Моцарт нуди 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.