24фудбал

Тухел: Во Челси никој не сака да ја носи „деветката“, сметаат дека е проколната

Челси е во потрага по нов напаѓач на трансфер пазарот, а во меѓувреме тренерот Томас Тухел вели дека бројот 9 стои слободен, но никој не сака да го земе.

Англија

Последен кој го носеше беше Лукаку, а неговите игри во Челси само ја продлабочија приказната за проколнатата девојка.

Пред Лукаку бројот 9 во Челси го носеа Фернандо Торес, Алваро Мората, Ернан Креспо, Гонзало Игуаин и Радамел Фалкао. Ниту еден од нив не ги исполни очекувањата и не блесна во сиот свој сјај.

Никој од актуелните играчи во тимот не сака да го земе бројот 9, а ќе видиме дали тоа ќе го направи новиот напаѓач кој треба да биде ангажиран ова лето. 

Во меѓувреме Тухел ја потврди приказната за проколнатата деветка.

Таа е проколната, луѓето ми велат таа е проколната. Не е таа оставена од тактички причини, да ја чуваме за некои фудбалери кои допрва треба да дојдат и да ја земат“, вели Тухел.

„Нема големи барања за бројот 9 кога фудбалери понекогаш сакаат да го променат бројот. Но изненадувачки никој не сака да ја допре деветката. Сите кои подолго се во клубот ми велат „ах знаеш, тој ја носеше деветката и не беше успешен и тој ја носеше деветката и исто така не даваше голови“. Па сега имаме момент кога никој не сака да го допре бројот девет“.

Најдобриот напаѓач на Челси во изминатите две децении, Дидие Дрогба го носеше бројот 11, одличен беше и Диего Коста кој беше 19ка.