24фудбал

Баерн Минхен тргна моќно во новата сезона, со шест гола во мрежата на Ајнтрахт (ВИДЕО)

Ако се суди според првиот натпревар во Бундеслигата оваа сезона, би требало уште еднаш Баерн Минхен лесно да се прошета до титулата, толку моќно изгледаа вечерва фудбалерите на Нагелсман, победија со 6-1 кај Ајнтрахт во Франкфурт.

Германија

Потопот на Ајнтрахт беше најавен уште во петтата минута кога Кимих со прекрасен гол од слободен удар му донесе водство на Баерн Минхен од 1-0.

Само шест минути Павар постигна гол за предност од 2-0. Веќе беше јасно дека домаќините ги очекува убедлив пораз.

Во 29. минута Садио Мане го постигна својот деби гол за Баерн Минхен во Бундеслигата за водство од 3-0.

До крајот на првото полувреме погодоци постигнаа и Мусиала и Гнабри за 5-0 по само 45 минути игра.

По одморот во собелкувалната, Баерн Минхен ја тргна ногата од педалата за гас и престана да го полни противникот.

Во 64. минута Коло Муани постигна почесен гол за Ајнтрахт, а конечните 6-1 ги постави Мусиала со својот втор гол на мечот, овојпат погоди во 83. минута.