24фудбал

Официјално: Вајналдум е нов фудбалер на Рома

Рома и официјално го потврди новото големо засилување, Џеорџино Вајналдум кој пристигнува во Рим на едногодишна позајмица од ПСЖ.

Италија

Тоа што беше најавено сега е и официјално, Рома има уште една ѕвезда во овој преоден рок, тоа е Џини Вајнладум.

„Рома со задоволство може да соопшти дека потпиша со Џеорџино Вајналдум. 31-годишниот Холанѓанец доаѓа на привремена основа од ПСЖ. Во договорот има опција за перманентен трансфер по крајот на сезоната“, стои во соопштението на Рома.

Вајналдум вели дека е возбуден и среќен што ќе игра за Рома.

„Навистина сум возбуден што ќе бидам играч на Рома. Со сите луѓе со кои зборував ми дадоа одлично чувство за клубот и фановите“, вели Вајнладум.

„Клубот покажа колку ме сака преку напорот кој го вложи да го заклучи овој договор, како и сите фанови кои ми покажаа преку социјалните мрежи во овие денови колку ме сакаат. Тоа ми дава многу самодоверба“.

„Ќе дадат 100 проценти за да му помогнам на тимот да ги оствари сите цели оваа сезона“.

Вајналдум ќе го носи дресот со број 25.