24фудбал

Тен Хаг: Среќен сум што Роналдо е со нас

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг искажа задоволство што Кристијано Роналдо повторно е со тимот, вели дека во него имаат топ напаѓач.

Англија

Тен Хаг беше разочаран од одлуката на Роналдо да си оди пред крајот на мечот со Рајо Ваљекано, па на денешната прес конференција тој беше прашан што мисли за Португалецот.

„Навистина сум среќен со Кристијано Роналдо. Имаме топ напаѓач. Тој е тука со нас во составот“, вели Тен Хаг.

„Има многу фудбалери кои си заминале порано, а во фокусот е само Кристијано, тоа не е добро. Треба да истражите, да ги кажете и другите“.

За шансите Роналдо да стартува против Брајтон, Тен Хаг рече: „Ќе видиме во недела“.