24фудбал

Официјално: Кукуљера е нов фудбалер на Челси

Челси и официјално потврди дека постигнале договор со Брајтон за трансфер на Марк Кукуреља.

Англија

Веќе нема дилеми, стигна потврда и од Челси, бекот Марк Кукуреља е нов фудбалер на сините.

„По бројните информации во медиумите оваа недела, можеме да потврдиме дека е постигнат договор со Брајтон за Марк Кукуреља“, стои во соопштението на Челси.

Тој веќе ги помина и медицинските тестови и можно е да биде во комбинација веќе за утрешниот меч против Евертон.

„Можам да кажам дека Марк е фантастичен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции“, изјави Томас Тухел.

Со доаѓањето на Кукуреља се очекува да се забрза заминувањето на Алонсо кој наскоро треба да потпише за Барселона.