24фудбал

Барселона ќе купи уште двајца фудбалери од Премиерлигата во овој преоден рок

Барселона има исклучително активен преоден рок, клубот најде начин како да купува играчи, па раководството креира супер тим за Чави.

Шпанија

Наскоро на играчите на Барселона треба да им се приклучат уште две засилувања од Премиерлигата, Бернардо Силва од Манчестер Сити и Маркос Алонсо од Челси.

Пеп Гвардиола вели дека сака да го задржи Силва, но нема да оди против желбата на фудбалерот, а тоа наговестува дека трансферот е блиску. 

„Би сакал Бернардо да остане, но... не знам што ќе се случи. Фудбалерите понекогаш имаат желба и јас не сум човекот кој би ја сопрел нивната желба“, вели Пеп Гвардиола.

Покрај Бернанрдо Силва, од Англија во Шпанија ќе отпатува и Маркос Алонсо.

Барселона нема да го добие Цезар Аспиликуета кој потпиша нов договор со Челси, но Алонсо ќе замине на Камп Ноу.

Откако го договори трансферот на Кукуреља, Челси е подготвен да го продаде Алонсо на Барселона и тоа треба да се случи во наредните денови.