Сопственикот на Лидс, Андреа Радрицани проговори за пропаднатиот трансфер на Рафиња во Челси, вели дека се било договорено но Барселона го убедила Бразилецот да почека и да се пресели на Камп Ноу.
Категорија: Англија 05.08.2022 11:09
Челси успеа да ги победи Арсенал и Тотнем во битката за Рафиња и со Лидс договори трансфер на Бразилецот вреден 55+ милиони фунти.
Сепак, зделката не се реализираше откако Барселона во 5 до 12 тргна во офанзива и успеа да го „украде“ Рафиња.
„За мене, зделката беше завршена, кога ќе го дадам збор, не го погазувам. Ми беше срам да му се јавам на Тод Боли (сопственикот на Челси) и да му кажам дека морам да ја променам позицијата“ – вели газдата на Лидс, Андреа Радрицани.
„Се договоривме со Челси бидејќи фудбалерот сакаше да замине и беше подготвен да ги разгледа понудите од клубовите од Премиерлигата. Челси беше дестинацијата која ја преферираше. Но за жал, ајде да речеме дека влијанието на Барселона го убеди играчот да чека, да чека, да чека се додека тие не најдоа решение“.