24фудбал

Шаќири: Заслуживме реми, шансите се еднакви

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири е задоволен од ремито на гостувањето кај АИК Стокхолм во натпреварот од квалификациите во Конференциската лига.

Македонија

АИК важеше за сериозен фаворит во пресметката со Шкендија, но македонскиот тим се враќа со реми од таму и ќе има шанси на домашен терен да го елиминира шведскиот тим.

Со гол на Хасани, Шкендија во Стокхолм поведе уште во 26. секунда од мечот, АИК дојде до реми во 21. минута од натпреварот.

„Резултатот е фер, заслуживме реми. Игравме на победа, но АИК е силен и мислам дека одиграа добар натпревар. Ќе мора да се бориме силно во следниот меч за да одиме на победа. Сега играме на домашен терен, пред своја публика и ќе имаме поддршка од трибините како што АИК имаше на овој меч. Шансите остануваат еднакви, 50-50“, изјави Шаќири по натпреварот.