24фудбал

Станаа спонзор на Манчестер јунајтед и пропаднаа

Германската компанија „ТимВјуер“ се кае што му стана спонзор на Манчестер јунајтед, акциите на компанијата забележаа пад од 80% откако започна соработката со „ѓаволите“ тешка околу 235 милиони фунти.

Англија

Во март 2021 година, Манчестер јунајтед договори богата соработка со „ТимВјуер“, германската компанија го наследи Шевролет како главен спонзор на дресот во зделка вредна околу 235 милиони фунти за пет години.

Но само 18 месеци подоцна, „ТимВјуер“ се кае што му стана спонзор на клубот од Олд Трафорд и уште сега им е јасно дека нема да ја продолжат соработката која завршува во 2026 година.

Акциите на германската компанија забележаа пад од 80%, и една од причините е токму богатиот спонзорски договор, кој очигледно не им се допадна на инвеститорите.