24фудбал

Гуидети: Фудбалерите на Шкендија се радуваа како да освоиле Лига на шампиони

Фудбалерот на АИК, Џон Гуидети кој го постигна голот за шведскиот тим, им замери на фудбалерите на Шкендија дека многу го славеле ремито.

Македонија

Шкендија со нерешени 1-1 се враќа од гостувањето кај АИК од Стокхолм. Тетовскиот тим поведе уште во првата минута со гол на Хасани, Гуидети израмни на 1-1 во 17. минута.

Шкендија одигра одличен меч, воопшто не беше надиграна, можеше и да го добие натпреварот, но така не мисли и главната ѕвезда во тимот, Гуидети кој верува дека ќе победат во Скопје.

„Подабар тим сме од нив и ќе го покажеме тоа на реваншот. Нивните фудбалери се радуваа на крајот како да освоиле Лига на шампиони, тоа ги прави работите повозбудливи за нас во пресрет на реваншот“, вели Гуидети.

„Сега си мислат дека е лесно да се игра против АИК, но нема да биде така. Некои од нивните фудбалери останаа да слават на теренот како да освоиле Лига на шампиони“.

30-годишниот Гуидети е главна ѕвезда на АИК. Тој беше член на Манчестер Сити од 2010 до 2015 година, но постојано беше праќан на позајмици, нема одиграно меч за граѓаните. Во тој период настапуваше за Барнли, Феенорд, Стоук и Селтик. Потоа направи трансфер во Селта, па Алавес, Хановер и сега е член на АИК.