24фудбал

Шкупи се враќа со пораз од Шамрок, ќе треба да надополни два гола негатива во Скопје (ВИДЕО)

Шкупи со пораз од 3-1 се враќа од гостувањето кај Шамрок роверс во Ирска во меч од квалификациите во Лига Европа, македонскиот шампион ќе има вистински предизвик во Скопје.

Македонија

Долгото патување до Даблин можеби си го направи своето, Шкупи ќе има два гола негатива кога за седум дена ќе истрча на реваншот против Шамрок.

Натпреварот тргна лошо уште на стартот кога во 12. минута новото засилување Алберт Диене направи глупав пенал. Бурк ја реализираше најстрогата казна за водство од 1-0.

Во 29. минута Шкупи прими нов гол, овојпат Вотс одлично се снајде и донесе водство на Шамрок од 2-0.

Течеше 77. минута кога Куевен постигна прекрасен гол од далечина и намали на 2-1, тоа веќе беше значително подобар резултат за Шкупи, но така не остана до крајот.

Пред самиот судиски свиреж, во 97. минута Шамрок со гол на Онил ги постави конечните 3-1.