24фудбал

Шкендија со реми се враќа од Стокхолм, победникот ќе се решава во Скопје (ВИДЕО)

Шкендија одигра 1-1 на гостувањето кај АИК од Стокхолм во првиот меч од квалификациите во Конференциската лига, одличен резултат за македонскиот тим иако можеше да биде и победа.

Македонија

АИК важеше за фаворит во денешниот дуел, но како што вети Артим Шаќири, Шкендија со добар резултат се враќа од Шведска.

Студен туш за домаќините се случи само по неколку секунди игра кога Хасани погоди во првата минута и донесе водство за Шкендија од 1-0.

Предноста на Шкендија не траеше многу долго, во 17. минута Гуидети реализираше со глава за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат на мечот.

Шкендија дури може и да жали што не дојде до победа на овој меч бидејќи имаше шанси за тоа, но и овој резултат е одличен.

Реваншот меѓу Шкендија и АИК ќе се игра на 11. август во Скопје.

Победникот од овој двобој речиси сигурно ќе игра против Словачко кој денеска со 3-0 загуби од Фенербахче во првиот квалификациски меч од Лига Европа.